|
04.10.2021 Македонија
'' Aко
малото
лавче
расте
меѓу
овци,
кога
ќе
порасне,
ќe
биде
само
една
голема
овца'' -
Филип Македонски
1942 година во Лондон бил потпишан договор за обединување помеѓу ''Кралството Југолавија'' и ''Грчкото кралство'' од страна на нивните монархии.
''1942 Joint Royal Greek-Yugoslav state agreement signed in London. Customs union & joint defence borders.
The Sydney Morning Herald (Australia) Friday 16 January 1942. Page 6 '' .
Од тука е идејата за обeдинување на комунистичка Југославија и Грција, со помош на Сталин, сега се работело на обединување помеѓу: Југославија, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција под името ''Балканска Федерација''.
Постарите Тетовчани знаат дека кај село Жеровјане, јужно од Тетово.
Но, ново-објавените податоци дека тој Аеродром почнал како Воен Аеродром, НАЈМОДЕРЕН НА БАЛКАНОТ (како што се наведува во Документите), со 250 авиони и користен од Советската Армија за можни напади на Грција и Турција!
Овој аеродром се споменува само во документи од 1948 до 1952 и не повеќе. Најверојтно причината за опаѓање на неговата важност се крие токму во тоа што бил користен и опремен од Советската Армија, а по информбирото и нарушување на односите меѓу Југославиај СССР морала да се повлече од овој Аеродром нивната армија. Затоа подоцна е познат само како мал спортски аеродром. Денес, целосно напуштен и уништен за воопшто да не се користи.
Голем интерес агентите на ЦИА покажале и за тогашниот Тетовски АЕРОДРОМ. Се работи за Аеродромот кај Жеровјане јужно од Тетово, кој постарите Тетовчани во 1960-тите и 1970-тите го памтат како спортски Аеродром на Аеро клубот во Тетово.
Се наведува дека е завршен пролетта 1948 на барање на Советите. Тој во 1940-тите и 1950-тите се споемнува во овие документи како Најмодерен Воен Аеродром на Балканот. Бил 2500 м долг и 150 м широк, на 8 км јужно од Тетово на левата страна од патот кон Гостивар.
Првпат во документи на ЦИА се споменува на 19.07.1948
во извештај од 1 страница насловен ‘Аеродромите во Тетово и Врбаско’ во кој се наведува дека е скоро завршен и може да се смета за НАЈМОДЕРЕН на БАЛКАНОТ. Во тој момент има 230 авиони. Целиот текст преведен:
Тетовски Аеродром - Градењето на голем аеродром беше неодамна завршено во
Македонија. Се вика Аеродром Тетово и може да се смета за најмодерен на цел Балкански Полуостров. Има бетонска писта 2500 м. долга и 150 м. широка и има модерни инсталации. Аеродромот е лоциран 8 км од Тетово на левата страна од патот од Тетово за Битола. Градбата на овој аеродром беше изведена на барање на Советските власти и под супервизија на Советски експерти. Околу 230 нови типови на борбени авиони и средни бомбардери од Советско производство, се моментално распоредени на Аеродромот.
На 20.12.1948 во голема анализа на Воздухопловните сили на Југославија (на 13 страници), стои дека во Скопје 3-тиот воздушен регимент со 3 аеродроми во Скопје, Тетово и Куманово. Во Тетово: во моментот 250 авиони, и скоро завршен со намера од Русите да биде централна база на Балканот, за напади на Грција и Турција ! Целиот текст преведен:
Тетовскиот Аеродром е втор по големина (по тој во Скопје) доделен на 3-тиот воздухопловен регимент. Пред скоро време беше завршен: Русите имаат намера тој да биде најмодерен Аеродрм на целиот Балкански Полуостров, кој мора да биде користен од Руските Воздухопловни Сили.
Овој Аеродром има метална писта 2000 м. долга и 150 м. широка. Има модерна опрема за комплетни операции за еден најсовремен аеродром: опрема неопходна за ноќно летање па дури и школа за ноќно летање. Овој аеродром е сместен 8 км. на левата страна од патот кој води од Тетово кон Битола, и моментално е целосно видлив од воздух.
Модернизиран е и проширен на барање на Советските воени власти. 250 авиони се сместени тука: 10 ескадрили на борбени авиони и 80 ескадрили на бомбардери вклучувајќи модели
''YAK, Stormovik, Petlyakov и
Martin''.
Овој Аеродром се смета за централна база во случај на итна потреба на вклучување на овие авиони во одбрана на
Македонија
и нивни напади на Грција и Турција. Ова е главна база на сите авиони од СССР каде овие авиони товарат нафта и бомби, и на враќање, извршуваат нови напади врз нивни цели.
20.12.1949 – наведува дека во Скопје има скриено депо за нафта од 4500 тони, наменето за Аеродромите во Тетово и Скопје и скопскиот гарнизон.
На 10.02.1951 има повторно опис на Тетовскиот Аеродром посочувајќи дека има 7 ескадрили на борбени авиони и 14 ескадрили на бомбардери. Ова е и последното споменување на Аеродромот во овие документи. Целиот текст преведен:
Тетовскиот Аеродром е преставен на мапата секција ’Софија 21/42’. Има бетонска писта 2000 на 15 м и опрема за ноќно летање. 7 ескадрили на борбени авиони и 14 ескадрили на бомбардери се стационирани на терен. Тие вклучуваат модели: YAK, Stormovik, F-2 и Martin 47.
Последно споменување на Тетовскиот Аеродром во овие документио е од 29.08.1952
во кој во детален извештај на 4 страни за спремноста на воздухопловните сили на Југославија, се наведуваа дека дивизијата ‘Стормовик’ е со седиште во Скопје а покрива 7 аеродроми, меѓу кој и Тетово-Југ.
Најстариот документ кој се однесува на Тетово е од 02.11.1945 (испратено од Лондон за Вашингтон, во кој се споменуваат на 26 страни шпиони од Балканот и кодирани имиња и меѓу нив, на стр.11, дека за соработник се понудил тогашниот Тетовски Муфтија !).
Најновиот документ е од 21.12.1995 (каде во погoлем извештај за кризата во бивша ЈУ, се споменува проблемот со тензиите околу тетовскиот универзитет).
Што содржат овие 65 документи за Тетово, од кои најголем дел се од 1940-тите и 1950-тите?
Воени информации
Најголем дел од нив се она што навистина ЦИА ја интересирало, а тоа се шпионски информации за воени информации и распоред на воската. Најчесто се тоа цели списоци од над 10-тина страни за распоред на војската низ цела Југославија па се споменува накратко што има и во Тетово. По датум на извештајот:
17.10.1947 – Во Тетово е стационирана 2-рата тенковска дивизија со 11 моторизирана бригада,
07.11.1947 – дека 2-рата оклопна дивизија има 1 бригада и во Тетово.
08.04.1948 – дека Тетово е во 5-тата Армиска Област со стационирана 5-та Оклопна Бригада.
18.10.1948 – во детална листа што содржи 5-тиот Армиски Корпус, стои дека во
Tетово е стационирана 32-та Тенковска Бригада.
17.03.1949 – во ургентна дојава стои дека Војската има 27 магацини за оружје вкопано на двете страни на Шара кон крајот на 1948. Некои од нив се околу 8 тетовски планински села.
17.11.1950 - 13.окт 1950 специјален батаљон на Југословенската војска пристигна во Тетoво и започна реквизиција на домови за трупите и офицерите. Околу 1000 се очекува да пристигнат од Сараево.
31.01.1951 – Распоред на 42.дивизија (од Тетово во Охрид) со седиште во Кичево. Во Тетово има 45 луѓе со претпоставен Живко Лечовски .
14.02.1951 – Еден од ретките документи кој се однесува само за Тетово. На 2 стр има детална информација и опис на касарната во Тетово каде бил сместен 87.
пешадиски полк на чело со словенечкиот Мајор Фердо Толар. Следи листа колку пушки имаат, колку телефони, радио станици и др. Покрај тоа има и една Тенковска единица со 15 тенкови од советско и германско производство
20.12.1951 – 96. внатрешен батаљон на КНОЈ е со седиште во Гостивар и има 3 оддели, од кои 1 во Тетово.
01.12.1970 - На 65 страни извештај за Југословенската Војска по градови. На стр.
52 е описот на Касарната во Тетово (обезбедена, 4 бараки во форма на Т, 3 гаражи, 2 придружни згради, 20 возила од еден вид (пречкртано кои) и 40 возила од друг вид (пречкртано кои).
01.07.1983 – Во листа на фотографии на 700 стр од воени инсталации од цел свет, стои во списокот опис на фотографија и од Тетово со наслов
''Тетovo Ammunition Depot East Construction'' (Магацин за Оружје во Тетово). За жал објавена е само листата на фотографии но не и самата фотографија.
Албанското малцинство
Неочекувано за Тетово, оваа тема е многу слабо застапена во известувањата до Вашингтон и само како напомена во детални анализи на ниво на Југославија.
Најраните документи за оваа тема се за Про-Титови избеглици кои пребегале од Албанија: дека дел од нив прво биле населени во Сараево, па живееле и работеле под заштита на државата во Тетово, за потоа да бидат префрлени во Белград (извештај 05.07.1951). Ова е потврдено и во извештајот од 03.06.1952.
Од друга страна известуваат и за Анти-Титови инфилтрации од Албанија во Југославија, при што тимот на
''Bajram Dobrodolli'' бил инфилтриран од Пешкопеја за реоните на Челопек и Добридол (извештај: 28.09.1950).
Иако очекував да најдам документ околу најтензичната ситуација во Тетово во овој период - Албанските демонстрации од 1968 - таков документ нема. Единствено во една анализа (од 07.02.1969) за кризата во 1968 на Косово, кратко се наведува дека таа се прелила и во Тетово со Демонстрации во кои главно барање било присоединување на Тетово кон Косово. Истото само накратко се потврдува во една пообемна анализа многу години подоцна од 01.05.1979 (наведувајќи дека демонстрациите во тетово биле на 28.декември 1968).
Дури многу подоцна (во последните документи од 1995) повторно и пак накратко се известува за ова албанското малцинство (како што е наведено во документите), а се однесува на посочување дека во Македонија има опасност од тензии околу Универзитетот во Тетово (извештај за улогата на УНПРОФОР од 08.03.1995 и друг од 21.12.1995)
Последниот, всушност е и најнов документ од овие новообјавени на ЦИА а се споменува Тетово... во исчекување на нови што допрва ќе се објавуваат...
извор: Дарко Гавровски / портал 'Тајните на Тетово' / gavro.com.mk
Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики''
или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.
Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?
'' ,..
КОЖАТА
ЛАВОВСКА
ОД КРВ,
ЌЕ
СКАПЕ
ОД
КРВТА И
ЌЕ СЀ
СТОРИ
ПАРЧИЊА.
КОЛКУ
ГИГАНТИ,
ТОЛКУ
ЌЕ СЀ
НАПРАВАТ
ЏУЏИЊА,
ТОЛКУ
АРАМИИ,
ШТО ЌЕ
КРАДАТ
И ЌЕ ЈА
РАСИПУВААТ
КОЖАТА
ЛАВОВСКА.
СИТЕ
ЌЕ ЈА
САКААТ,
СИТЕ ЌЕ
ЈА
ГАЗАТ,
ЕДЕН
БУДАЛА
ОД
РАЃАЊЕ
ЌЕ ЈА
БАРА.
ПУРПУРОТ
ЌЕ СЕ
ИСКИНЕ
И ЌЕ СЕ
НАПРАВИ
ВАЛКАН
ОД
КРВТА И
КАЛТА.
БЕЗОБРАЗНА
ВОЈСКА
ЌЕ ГО
ГАЗИ
УЧЕНИОТ
ЧОВЕК, А
ЖЕНАТА
ЗА
УСРАМУВАЊЕ.
НА
ПОП ЌЕ
ГО
ДАДАТ
ПУРПУРОТ
ЗА
ЛАЖЕЊЕ.
ДЕЦАТА
НА
ЖЕНАТА
ЌЕ СЕ
КОЛАТ И
ЌЕ СЕ
НАДЕВААТ
НА РAЖЕН.
СИНОТ
НА
МЕСЕЧИНАТА
ЌЕ СЕ
СМЕЕ И
ЌЕ СЕ
СМЕАТ
ДО НЕГО.
ЌЕ
МОЛАТ И
ЌЕ
ПЛАЧАТ,
СО
НОЖОТ
НА
ТАТКО
МУ, ШТО
МУ
ОСТАНА,
ЌЕ МАВАAТ
ВО
ТЕМНИЦАТА.
ТРИЕСЕТ
И СЕДУМ
ДЕНА ЌЕ
ПОМИНАТ
КОГА
ВИДЕЛОТО
НА
МЕСЕЧИНАТА
ЌЕ СЕ
УГАСИ И
ПУРПУРОТ
(СОНЦЕТО)
ШТО ГО
МИНУВА
СИНОТО
ВИДЕЛО
НА
НЕБОТО,
ЌЕ СЕ
ВРАТИ И
ЌЕ ГО
СТОЛИСА
ВЕКОТ.
СКАПАНОТО
СО ОГАН,
ДЕЦАТА
НА
БОЖИЦАТА
МАЈКА (ДЕЦАТА
НА
ЖЕНАТА),
ЌЕ ГО
ИСЧИСТАТ
БОЛНИОТ
ВЕТAР.
ЗОШТО
1000
ГОДИНИ
СЀ КАКО
ДЕНОТ
ОД
ВЧЕРА .
ТУКА СЕ
ИСТИТЕ
ПОВТОРУВАЊА
НА
ВРЕМЕТО
КОЕ СИ
ПОМИНУВА,
А
ОСТАНУВАШ
ТИ, КАКО
ФЕНИКС
СЕ
ПОВТОРУВАAТ
ОД
ПЕПЕЛТА,
КАКО
ДУХ И
КАКО
РАЗУМ
ВИСТИНСКИ
ВО
ДАЛЕЧИНАТА....''
|
На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страната на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.
На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страната на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/
страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.
Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.
Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.
Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.
|
ГАСНУВА
- АЛЕКСАНДАР
МАКЕДОНСКИ
Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ
|
BACИЛEOH
КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ
За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com
Македонија
е СЕ, се
залага за
нова химна: ''
Земјa Mакедонскa''
НИЕ СЕ
ДЕФИНИРАМЕ
КАКО
ЉУБИТЕЛИ НА
СЛОБОДАТА
ЗА НАС
МАКЕДОНИЈА Е
СЛОБОДАТА
АКО ИМА
МАКЕДОНИЈА
ЗА НАС
ИМА И СЛОБОДА
Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани
Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата ☼ МС ПНС
Историја на Македонија
МАКЕДОН ИЈА
ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ
MAKEDONIA
BACИЛEOH
МАКЕДОНОН
АЛEКCAHДРОЈ
Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.
Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.
Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.
|
|
|